Лавров: Мировните преговори би можеле да се одржат и во Белград

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, денеска изјави дека преговорите со Украиан би можеле да бидат одржани и во Белград, како и дека покрај Истанбул, каде веќе е договрен состанок, тие се подготвени да разгледаат и други локации за преговори вклучувајќи го и Белград.

„Белград со својот статус, како град и точка на гледишата во целост одговара за какви било преговори и на сите ниво“,

рече Лавров во интервју за српските медиуми.

Тој сепак истакна дека местото на преговорите треба да биде прифатливо и за едната и за другата преговарачка екипа.

„Трипати водевме директни разговори во Белорусија, а потоа имавме пауза, бидејќи поради технички причини неможеше да има директни разговори. Сега е постигнат договор за состанок во Истанбул. Тоа ја одржува географската точна, каде се поклопија можностите на двете земји – наведе Лавров.

Тој сепак повторно истакна дека Русија е подготвена да разгледа и други опции за преговори, вклучувајќи го и Белград.

Инаку, новата рунда преговори меѓу Русија и Украина договорена да се случи денеска во Истанбул, најверојатно сепак ќе се премести за утре, бидејќи членовите на украинската декларација се соочуваaт со „логистички тешкотии да пристигнат во Истанбул“.

„Се уште сме на пат, поради логистички тешкотии нашето пристигнување се очекува прилично доцна – изјави Давид Арахамија од украинската мировна делегација.

Back to top button
Close