Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема претстава како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.
„Не можам да замислам како Трамп тоа ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер.
Тој додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.
„Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.
Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.