Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
15.11.2024 12:24
187 Читање помалку од 1м
Македонскиот селектор Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои 25 се од актуелниот првак Еурофарм и вицешампионот Алкалоид.
Единствените тројца повикани интернационалци се Мартин Томовски од германски Потсдам, Филип Талевски од Бенфика и Мартин Карапалевски од Ваљадолид.
Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.
Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).
За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго