Лазов: Одам со крената глава. Место театар СДСМ да каже што направиле тие за проблемот на Гостивар со вода

Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име.

„Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување. Наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, најпрво треба да дадат одговори што направиле тие додека биле надлежни, какви мерки преземале и што пропуштиле да преземат во однос на долгогодишниот проблем со водата во Гостивар.

Најлесно е денес да се впери прст кон други. Многу потешко е да се погледне сопственото постапување од времето кога ја имавте одговорноста и институциите во свои раце. Ваквите политички маневри нема да го променат мојот пристап. Продолжувам со професионална, одговорна и законита работа, исклучиво во рамките на надлежностите на ДСЗИ.

Секоја одлука и секое постапување во рамките на моите надлежности е достапно за проверка од надлежните институции. Институциите нека постапуваат, а фактите нека зборуваат. Нема да дозволам дневно политичките пресметки да го нарушат достоинството на ДСЗИ, ниту угледот на професионалците кои чесно, посветено и одговорно ја извршуваат својата работа.

Продолжувам со крената глава, чиста совест и уште поголема посветеност на работата”, вели д-р Кирил Лазов во своето обраќање.

Back to top button
Close