Ле Дриан: Преговорите со Иран течат бавно, далеку сме од договор

Иран и светските сили се уште се далеку од каков било договор за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и покрај тоа што на крајот на декември беше постигнат извесен напредок, оцени францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД за спасување на нуклеарниот договор продолжија на 3 јануари, а западните дипломати изразија надеж дека нивниот интензитет ќе биде зголемен до крајот на јануари или почетокот на февруари, иако разликите околу најтешките прашања се уште не се решени.

Во исто време, Иран отфрла какво било наметнување рокови од страна на западните сили.

– Разговорите се во тек. Тие се бавни, дури и премногу бавни, што создава празнина што ги загрозува шансите за изнаоѓање решение што ќе ги обедини интересите на сите страни, рече Жан-Ив ле Дриан и потврди дека завршувањето на преговорите е се уште далеку.

Back to top button
Close