Леброн Џејмс се доближи на 33 поени до рекордот на Џабар

 Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс загубија синоќа од Њу Орлеанс со 131-126, во натпревар во кој Леброн Џејмс запиша 27 кошеви и се доближи до рекордот според постигнати поени во историјата на НБА лигата.

Џејмс досега во својата НБА кариера има постигнато вкупно 38.352 кошеви и од рекордерот на вечната листа Карим Абдул Џабар го делат 33 поени.

Џејмс би можел да го урне рекордот на Џабар веќе в среда кога ЛА Лејкерс ја пречекуваат Оклахома.

Back to top button
Close