Леброн за својот прв натпревар со синот во НБА: Никогаш нема да го заборавам овој момент

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите емоции по неговиот прв натпревар со синот Брони Џејмс во НБА-лигата.

Ноќеска Лејкерси ја победија Минесота (110:103) во воведниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс Јуниор одигра речиси три минути и забележа еден скок.

– Никогаш нема да го заборавам овој момент. Колку и да стареам, колку и да ми се влошува меморијата со годините, никогаш нема да го заборавам тој момент. Имавме задача и ја исполнивме. Не се обидувавме ова да го претвориме во циркус. Не се обидовме да го направиме тоа за нас. Сакавме да придонесеме за тимот, да излеземе на теренот и да продолжиме да играме кошарка каква што сакаа стручниот штаб и нашите соиграч. Се задржавме на тоа. И тоа беше добро за сите нас, изјави Леброн Џејмс за „ESPN“.

Лејкерс забележаа победа со 110:103.

Back to top button
Close