Легендарниот голман – голгетер Чилаверт влезе во трка за претседател на Парагвај

Хозе Луис Чилаверт, еден од најдобрите светски голмани од крајот на минатиот век, објави кандидатура за претседателските избори во Парагвај.

„Горд сум што сум Парагваец. Чила за претседател“, гласи слоганот со кој Чилаверт ќе ја бара поддршката од парагвајскиот народ за изборите закажани за 2023 година.

Прочуен по своите одбрани, но и головите што ги постигнуваше од слободни удари, Чилаверт не е единствениот фудбалер, кој по завршување на кариерата се вклучува во политиката.

Најдобриот африкански фудбалер на сите времиња Жорж Веа во 2018 година беше избран за претседател на Либерија, екс играчот на Милан, Каза Каладѕе е градоначалник на Тбилиси, додека Ромарио беше член на бразилскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close