Легендарниот шахист Карпов во вештачка кома поради тешки повреди на главата
Еден од најголемите шахисти на сите времиња, Русинот Анатолиј Карпов е хоспитализиран во Москва и се наоѓа во вештачка кома на интензивна нега со тешки повреди на главата.
Рускиот велемајстор со брза помош бил префрлен во една од клиниките во руската престолнина, во алкохолизирана состојба и бил во бесознание. Лекарите после прегледите констатирале затворена краиноцеребрална повреда, како и скршеница на бутната коска.
Што е причината за ваквите тешки повреди точно не се знае, а веќе има две верзии. Првата е дека Карпов бил нападнат и тешко претепан од непознати лица откако излегол од државната Дума, според зборовите на рускиот бизнисмен Андреј Коваљов.
Втората верзија е дека пред два дена тој се лизнал и паднал и потоа бил примен во болница на 29 октомври.
Од друга страна, неговиот асистент Алберт Стенанијан објавил дека Карпов е во стабилна состојба и дека нема тешки повреди, додавајќи дека не бил нападнат