Лекарка дошла да се породи на ГАК и криела дека свекорот има коронавирус!

Докторка дошла на државната Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека свекор ѝ со кого заедно живеат во исто домаќинство, е позитивен на коронавирусот, пренесува ,,Слободен печат” .

Ноќта меѓу 6 и 7 јуни, докторката влегла како пациентка на клиниката во деветиот месец од бременоста и никому не му кажала на задолжителниот епидемиолошки прашалник при прием дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид 19. Ја примиле и ја сместиле на одделение со други родилки. Во истата соба имало уште две жени.

повеќе

Back to top button
Close