Лекот „Актемра“ не е делотворен против Ковид-19
Лекот против артритис „Актемра“ (Actemra) на швајцарскиот фармацевски концерн „Рош“ (Roche) не е успешен како терапија за пациентите инфицирани со новиот коронавирус.Клиничка студија покажа дека „Актемра“ не довел до никакво подобрување кај хоспитализираните пациенти кои имале воспаление на белите дробови предизвикани од Ковид-19.
Исто така ниту бројот на починати не е намален со користење на тој лек.
„Рош“ најави дека ќе продолжи со тестирање на употребата на „Актемра“ против Ковид-19 во комбинација со други лекови.






