Ленс одби да го одложи натпреварот против ПСЖ
Второпласираниот тим во француското фудбалско првенство Ленс одби да го одложи натпреварот од домашното првенство против водечкиот ПСЖ закажан за идниот месец,
Актуелниот француски и европски првак побара одложување на натпреварот против Ленс, закажан за 11 април, термин помеѓу двата дуели кои клубот од Париз ќе ги игра против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Во клупското соопштение, Ленс наведе дека се противи дуелот со ПСЖ да биде презакажан за друг термин.
ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони издејствува од француската лига одложување на прволигашкиот натпревар со Нант за да добие дополнителен ден одмор меѓу двата дуели што ги одигра против Челзи.
Ленс е втор на табелата во француската Лига 1, бод помалку од лидерот ПСЖ, кој има натпревар помалку.






