Лестер планира да го обнови договорот со Ихеаначо

 Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека клубот планира да го продолжи договорот со напаѓачот Келечи Ихеаначо.

– Келечи е еден од оние играчи што сакаме да ги задржиме. Имаме перспективен состав, стануваме се подобри и подобри. Сигурен сум дека клубот ќе договори состанок со него и неговите претставници, го цитира Роџерс „Дејли мејл“.

Во сезоната 2020/21, Ихеаначо забележа 28 настапи за Лестер, со 12 погодоци и пет асистенции.

Дваесет и четиригодишниот Нигериец беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во март.

Back to top button
Close