Лев останува селектор на Германија до ЕП

 Селекторот на Германија, Јоаким Лев нема да ја напушти функцијата до Евро 2020, објави новинарот на „Спорт1“, Флоријан Плетенберг.

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) не планира да го отпушти фудбалскиот стручњак по синоќешниот пораз од македонската репрезентација со 2:1, а и самиот Лео нема намера да се повлече предвреме.

Сепак, ДФБ го нагласи незадоволството од овој пораз.

Претходно Лев најави дека ќе ја напушти германската репрезентација по Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето.

По три одиграни кола во квалификации за СП 2022, Германија е на третото место во групата Ј со 6 бода.

Back to top button
Close