Левица: 1000 пати по 72 часа поминаа, а Аеродром се дави во ѓубре , од “напорно работиме” на Митевски во депонија се претворивме

Левица – Аеродром со објава на социјалните мрежи упати критика дека состојбата со комуналната хигиена во општината е сериозно влошена, наведувајќи дека и покрај повеќекратните најави за интервенции, проблемот со собирањето на отпадот сè уште не е решен.

Во нивната реакција се посочува дека Аеродром се соочува со континуирано натрупување на ѓубре, при што, како што велат од партијата, не се гледаат резултати од претходните ветувања за нормализирање на состојбата. Тие додаваат дека наместо подобрување, теренот укажува на влошување на хигиената во урбаните делови на општината.

Од Левица – Аеродром оценуваат дека изјавите за тековно работење не се потврдени со состојбата на терен, наведувајќи дека граѓаните се соочуваат со долготрајни проблеми со отпадот и недоволна реакција на надлежните служби.

Back to top button
Close