Левица: 17 јуни 2018 година се потпиша еден од трите крвнички договори за Македонија


Денес се навршуваат 7 години од потпишувањето на Преспанскиот договор

-17 јуни 2018 година се потпиша еден од трите крвнички договори за Македонија. Преспанскиот договор (договорот со Грција) ветуваше просперитет, Европска Унија, но добивме НАТО и зголемен буџет за вооружување кој го плаќаме кон НАТО.

-Македонија го изгуби идентитетот, доби насилна промена на уставното име од страна на “господарите на Македонија” (ДПНЕ-СДС) против желбата на граѓаните.

-Младите кои очекуваа подобри можности во својата држава, многу брзо се разочараа, нит добија праведен систем, нит подобар стандард за живот, добија само големо “ЌЕ” кое никогаш не се исполни.

-7 години подоцна нема никаков просперитет за младите, младите добија само запуштени студентски домови, се полошо образование, многу неисполнети ветувања за поволности. Сите ветувања пропаднаа во вода.

-Оваа власт иако водеше кампања дека ќе го раскинат овој договор, продолжува гордо каде што застана претходната влада, со менување имиња на институции и додавање на придавката Северна во уставот на Република Македонија, и се тоа за да ја покажат својата наклонетост кон “стратешките партнери”.

-Црвена Младина која е единствениот подмладок што непоколебливо стои на ставот дека овој договор е катастрофален и предавнички, нема да дозволи тој да стане реалност. Младите во Република Македонија, денес живеат во очај и мизерија. Без работа, без иднина, со ниски плати и несигурни работни места, принудени масовно да ја напуштаат земјата по потрага по подобар живот.

-Ваквата реалност е директна последица од Преспанскиот договор, кој не донесе ништо освен рушење на идентитетот, економска нестабилност, разочарување и деградација на младината. Ваквиот режим и ваквиот договор никогаш нема да бидат прифатени!

ПП Левица – Црвена Младина

Back to top button
Close