Левица: ДПМНЕ соучесник во косоваризација на Скопје – „25 Мај“ станува „22 Ноември“

Партијата Левица жестоко реагира на одлуката на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба за промена на името на основното училиште „25 Мај“ во скопската населба Ченто, кое отсега ќе го носи името „22 Ноември“ – Денот на албанската азбука.

Од Левица оваа одлука ја нарекуваат „срамен чекор во насока на албанизација и косоваризација на Скопје“, обвинувајќи го ДПМНЕ дека активно учествува во бришењето на антифашистичкото и социјалистичко наследство од јавниот простор.

„Името ‘25 Мај’ претставува симбол на младинскиот дух, солидарноста и антифашистичкото единство. Замената со етнички симбол е отворен удар врз мултиетничкиот карактер на градот,“ стои во соопштението на партијата.

Левица потсетува дека ова не е изолиран случај, туку продолжение на слични преименувања во општини како Чаир и Центар, каде, според партијата, се бришат имиња поврзани со НОБ и македонската историја, а се наметнуваат имиња на фигури од албанското и косовското политичко милје.

Партијата ја обвини ДПМНЕ дека, следејќи ги стапките на СДСМ, станува „најкорисен соработник“ на ДУИ и ВРЕДИ во, како што го нарекуваат, процесот на разградување на македонската државност.

Целото соопштение на партијата во продолжение:

Извор: antropol.mk

Back to top button
Close