Некрофилна одговорност

Медиумите јавуваат: украдена е надгробна плоча на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Некој месец порано беше објавено дека се украдени две бронзени бисти од истата локација. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случаите.

Не видов дека АД „Бутел“ се огласија со некакво соопштение. Можеби сметаат дека безбедноста на гробиштата не е нивна одговорност. Или, не дај Боже, дека се работи за некој вид некрофилија или манипулација со семејствата на ожалостените. Се разбира дека не станува збор за „прибавување противправна корист“, а за некој вид корупција уште помалку.

Кој датум сме денес и кога се случи трагедијата во Кочани? Да, прашањата се реторички и секој одговор или заклучок е одвишен

Ако мислите дека сум циничен во овие случаи, тогаш треба да ги прочитате или да ги слушнете изјавите на портпаролката на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева, а богами и на нејзиниот шеф, премиерот Христијан Мицкоски, во однос на кочанската трагедија.

Не сакам тука да зборувам за најавите за формирањето работна група што ќе ја следи „состојбата со повредените“ (Сашо Клековски), за нов директен телефонски број каде што ќе можат да се обраќаат повредените и нивните семејства за своите потреби, за отстапувањето на одморалиштето „Пониква“ за потребите на повредените, за тоа дека луѓето од кабинетот на Мицкоски се во постојан контакт со семејствата од Кочани… Само ќе прашам кој датум сме денес и кога се случи трагедијата во Кочани? Да, прашањата се реторички и секој одговор или заклучок е одвишен.

Некои би рекле дека подобро подоцна отколку никогаш. И веројатно би биле во право. Само ако се нема она горчливо чувство дека сево ова се прави сега, не како институционален одговор на ситуацијата, туку како резултат на притисокот на јавноста. Или, што мене ми звучи уште поверојатно, како предвремено почната кампања за претстојните локални избори.

Одговорност и зошто не?

Не, нема да се занимавам тука со она што и онака ѝ е работа на владата, а богами и досега ѝ беше. Во случајов, повеќе ме интересира нивната цинична, да не кажам безобразна употреба на термините „одговорност“ и „некрофилија“.

Целата колумна на  Ѕвездан Георгиевски на Призма мк

Back to top button
Close