Левица и ДУИ ќе гласаат за старт на казнувањето со „Безбеден град“


Левица и ДУи ќе го обезбедат потребното двотретинско и бадентерово мнозинство за Законот за прекршоци чие донесување е потребно за да профункционира казнувањето со „Безбеден град“, објави Телма.

Законот утре ќе биде ставен на седница на Собранието, потврди за Телма, Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски рекол дека на денешната, како што ја нарече неформална координација, на која учествувале координаторите на ВРЕДИ, Левица и ДУИ добиена е нивна поддршка за да се изгласа законот за кој е потребно двотретинско мнозинство.

Тој вели дека биле сослушани забелешките на партиите кои биле изнесени на вчерашната лидерска средба. Договорено било забелешките да се решат во наредниот период.

На координацијата бил повикан и претставник на МВР, но не бил поканет координаторот на СДСМ,од кадеуште немаат одлучено како ќе се постават кон законот,бидејќи постојат забелешки за начинот како ќе се управува со податоците собрани со овој голем систем за да не се случи злоупотреба на Сејф сити.

Со промените на Законот за прекршоци се овозможува целосна примена на сејф сити и од први февруари да почне испраќање на казни по системот за прекршителите на законот односно за оние возила кои ќе поминат на црвено или ќе возат побрзо од дозволеното.

Back to top button
Close