ЛЕВИЦА: ПРАЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА МИЦКОСКИ НЕ ГИ ХРАНАТ ГРАЃАНИТЕ – ДУРМИШИ Е ВО ДЛАБОК СОН


🚩 До кога министерот за економија, Бесар Дурмиши, и премиерот Христијан Мицкоски ќе размислуваат за енормно високите цени во маркетите и влошувањето на стандардот на граѓаните?
❌️ Периодов се изнаслушавме секакви изјави од премиерот за тоа како ќе се постапува со трговците и препродавачите и за тоа, како ќе се справи владата со цените кои веќе достигнаа ниво кое граѓаните не може да си го дозволат. Не станува збор за луксузни продукти, кои секаде имаат високи цени, туку за основните прехрамбени производи. Резултатот од “размислувањата” на Мицкоски за справување со скапотијата е само празни популистички изјави.
⁉️ И наместо Мицкоски да се појавува од време на време со „размислувања“ легитимно е да се постави прашањето каде е и што прави ресорното министерство за економија. Тоа реално е надлежно, заедно со своите јавни претпријатија, инспекторати и тела, а во моментов е во длабок сон. Зошто премиерот упорно се меша во работата на министерството за економија и зошто сѐ поретко имаме став, отчет и одговори од министерот за економија Бесар Дурмиши? Дали е можеби поради тесните врски на владеачката структура со картелски здружените трговци?
🟥 Очигледната некадарност и некомуникација помеѓу владините функционери сѐ повеќе носи штета на македонските граѓани. Од Мицкоски не се бара сам, една по една цена, да ја проверува на сите продукти, туку ресорното министерство како и инспекторатите да работат на случајот и да дадат конкретни решенија кои на граѓаните ќе им донесат подобар стандард на живеење. Министерот Дурмиши треба да биде менаџерот кој секојдневно треба да дава отчет и одговори за тоа каква е ситуацијата, не да се крие од јавноста.
📢 Македонскиот граѓанин, од ден во ден, сѐ потешко може да си дозволи основни прехрамбени продукти. Повеќе од 72% од вработените во Македонија заработуваат плата помала од просечната, додека потрошувачката кошничка расте и достигна вредност и до 85.000 денари, што нѐ доведува до заклучок дека ДВЕ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ НЕ МОЖАТ ДА ЈА КУПАТ ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА.
⚠️ Некадарноста и лагите, во комбинација со тесните врски на владините функционери со картелски здружените трговци, доведуваат до тоа да се најдеме во ситуацијата во која моментално сме, без решенија и акции на повидок. Владата ниту дава знаци, ниту има интерес да ја подобри оваа состојба бидејќи тие не се просечните македонски граѓани.
#Левица

Back to top button
Close