Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители – гориво за приватни возила и спорни надоместоци

По злоупотребите при работењето во Академијата за судии и јавни обвинители, кои се нотирани во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, се поставува прашање како институцијата која што треба да ги обучи идните судии и јавни обвинители ќе извади високостручен и високо морален кадар, кога самата е длабоко навлезена во криминал и корупција, се вели во соопштението на Левица,

Според ревизорскиот извештај во Академијата се исплаќало за гориво за приватни автомобили, надоместоци за седници на лица кои не се присутни, набавки без оглас и ред други неправилност, односно се расфрлале со пари без реално покритие.

Ревизорите утврдиле дека Академијата исплаќала надоместоци за учество на седниците на членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет уште пред да се одржи седница тековниот месец, а  исплаќале и надоместоци и на членови кои што не биле присутни на седниците.

Исто така, утврдено е дека Академијата нема интерни процедури за исплата на патни и дневни трошоци за службени патувања во странство користењето на службени возила како и начинот на користење и располагање со средствата од денарска и девизна благајна, што придонело  членови на Комисијата за полагање на приемен испит да си точат гориво со службени картици во приватни возила, за што се потрошени 325.000 денари.

Следно, ревизорите утврдиле дека Академијата набавила психолошки тестови за 527 кандидати во износ  од близу 2 милиони денари без објавување на оглас!

Во 2024 година, во Академија се одвивала втора фаза од почетна обука практична настава за 8 ма генерација на слушатели за судии и јавни обвинители, која е започната во мај 2023 што претставува надминување на законски утврдениот рок од 3 месеци, што довело до исплата на дополнителни финансиски средства за надоместоци во вкупен износ од 2.113 илјади денари од кои 1.822 илјади денари на менторите и 291 илјада денари на координаторите. Освен исплата на дополнителни средства, ваквата состојба влијаела и на пролонгирање назавршувањето на обуката и изборот на слушателите за судии и јавни обвинители.

Понатаму, се наплаќале надоместоци за приемен испит од 1000 денари, иако за тоа нема законски основ, а незаконски се исплаќале и надоместоци за прекувремена работа без притоа да се најави во Државниот инспекторат за труд, а часовите за прекувремена работа биле далеку над законски дозволениот максимум.

Имајќи го сето ова во предвид не зачудува фактот што судската власт има најмала доверба кај граѓаните од само 2 % , а работењето на овие институции како Академијата за судии и обвинители придонесува за ваквиот лош рејтинг во судството.

Ревизијата е направен за 2024 година кога директори беа Наташа Габер Дамјановска, Илир Исени и Ирина Трајкоска Стрезоска.

Back to top button
Close