Левица: Со пари од граѓаните регулаторна го полни со кеш контото на ЕВН 

Соопштение на Левица:

Со новиот правилник за снабдување со електрична енергија, РКЕ повторно отвора простор за незаконско фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка, односно паушални сметки, во случаи кога броилото не било отчитано, посочуваат од Левица во соопштение.


Иако, Законот за енергетика е јасен, согласно член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само „ако не е извршено мерење на потрошената електрична енергија“. Во случај броилото да не е отчитано, тоа не значи дека не е извршено мерење! Броилото ја мери потрошувачката континуирано. Проблемот е што операторот не ги отчитува измерените вредности, односно законски не е обврзан да инвестира во системи за прибирање на податоците, со цел да не ги осиромашува граѓаните со испраќање на машинско генерирани сметки.

Со правилникот, преку член 32 РКЕ и овозможува на ЕВН да прави паушални сметки кога броилата не се отчитани, иако тие реално ја мерат потрошувачката. Така граѓаните плаќаат однапред по претпоставка, а ЕВН веднаш го зголемува своето кеш конто. Порамнувањето доаѓа подоцна, но парите веќе се кај компанијата. Ова е скриен ликвидносен механизам на товар на потрошувачите.

Во скалест тарифен модел паушално изготвена месечна фактура секогаш е на штета на потрошувачот. Граѓаните плаќаат нереални и повисоки фактури, а корекција е можна само доколку се поднесе приговор. Поради тоа што не секогаш се даваат приговори за паушалните месечни фактури, со тоа ЕВН буквално масовно го ограбува народот. Па така, РКЕ спротивно на законот со новите правила овозможува масовен грабеж на граѓаните.

Значи, мерење има, но нема отчитување. Токму тука е правната измама која што со подзаконски акт се изедначуваат два различни поими за да се оправда издавање фактури по претпоставена потрошувачка, спротивно на законот. Правилникот за снабдување со електрична енергија не смее да го менуваат Законот за енергетика. Подзаконски акт не може да го менува законот и создава еханизам снабдувачот да наплаќа паушално кога броилото реално ја измерило потрошувачката.

Левица бара итно и неодложно усогласување на правилникот за снабдување со електрична енергија со Законот за енергетика и корекција на член 32. Односно РКЕ да ја натера ЕВН да инвестира во систем за отчитување и далечинско динамично менување на тарифите спорд условите на пазарот во однос на ефитната енергија и можностите за искористување. Измерената потрошувачка мора да биде основа за фактурирање, а не претпоставка.

Back to top button
Close