ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери – Меџити веднаш да се разреши поради овој геноцид
Во соопштение до јавноста, од „Левица“ предупредуваат:
Додека Скопје тоне во отровна магла и се наоѓа на врвот на светската листа на најзагадени градови, и оваа Влада, актуелно предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, останува парализирана, неспособна и целосно незаинтересирана за животот на сопствениот народ! Ова е повеќе од негрижа – ова е геноцид спроведен со свесно игнорирање на состојбата која секоја година ‘нѐ посетува’ и убива.
Вицепремиерот Изет Меџити кој како Министер за животна средина треба да биде најистакнат чувар на нашето здравје и природа – го претвори министерството во свој личен партиски штаб, а функцијата ја обавува исклучиво за промомоција на великоалбански агенди и етно-шовинистички проекти. Во меѓувреме, иладници граѓани умираат од канцерогениот воздух, од хронични болести и компликации поврзани со оваа катастрофа, притоа не познавајќи етничка припадност.
Левица бара веднаш да се прогласи кризна состојба и да се започне со масовна акција за борба против аерозагадувањето! Мобилизација на комуналните инспектори, редари и инспектори за животната средина, да ги лоцираат и санкционираат причнителите за оваа катастрофа; Затворање на најголемите загадувачи и спроведување на вонредни, транспарентни инспекциски надзори низ индустриските капацитети; Централните, градските и локалните органи веднаш да преземат мерки за расчистување на сите диви депонии; Ослободување од работа на сите ранливи категории, хронично болни, бремени жени и работници нужно изложени на овој токсичен воздух.
Сепак, со владејачки гарнитури докажано склони на коруптивни практики, воопшто не нѐ чуди зошто и покрај сите статистики на смртност поради аерозагадувањето, и покрај општопознатиот факт дека овој период секоја година нѐ носи до европските и светските врвови на загаденост – упорно не се презема ниту една превентивна мерка, ниту пак некој од јавно познатите, очевидни, загадувачи одговарал за овој геноцид.