ЛГБТИ активисти од Албанија и Германија претепани по завршувањето на „Европрајд“ во Белград

Вишото јавно обвинителство најави дека ќе ги гони насилниците од вчерашните инциденти

Пречките и проблемите со кои се соочуваше „Европрајд“ ќе бидат дел од следниот извештај за Србија, изјави претходно денеска за Н1, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик

Осум албански ЛГБТ активисти се нападнати вчера во Белград кога се враќале од „Европрајд“ објави новинарот Идро Сефери на Фејсбук. Тој додава дека двајца активисти се повредени и биле однесени со Брза помош.

Организаторите на вчерашниот „Европрајд 2022“ за Н1 потврдија дека повеќе од пет учесници биле нападнати додека се враќале од настанот, а во нападите ги извршиле главно странски државјани.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Сефери објави дека албанските активисти биле нападнати од група од 10-ина лица кога се враќале во хотелот по прошетката и концертот што се одржаа во рамките на „Европрајд“, а на местото на настанот излегла и полицијата.

Организаторот на манифестацијата за Н1 изјави дека на враќање од концертот биле нападнати претежно странски државјани, од Германија и Албанија. Тие ја повикаа полицијата и надлежните органи веднаш да ги пронајдат и да ги казнат сторителите, да ги утврдат сите околности и да го исполнат ветувањето дека безбедноста на сите учесници ќе биде загарантирана.

Албанскиот портал „Газета Блиц“ објави дека десетици Албанци учествувале на прошетката што се одржа во вчера попладне во рамки на „Европрајд“ во Белград. Тие претходно за „Дојче веле“ изјавија дека се чувствуваат загрозени.

„Тоа се предизвиците со кои се соочуваме и во Албанија“,изјави Адела Алика од Албанија.

 

Повредени и приведени

Директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин, изјави дека во Ургентниот центар биле прегледани 13 полицајци, а вкупно пет учесници на „Прајд“.

Според него, двајца полицајци се задржани на 24 часа медицинско следење, од кои едниот имал повреда на главата, а другиот повреда на раката, но и во двата случаи повредите биле полесни.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин синоќа ги посети повредените полицајци во Ургентниот центар, каде што рече дека полицајците „покажале дека не се плашат од хулигани или притисоци“.

Вулин изјави дека биле оштетени и пет полициски возила.

 

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вишото јавно обвинителство Белград во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки и дејствија од негова надлежност со цел откривање и гонење на лицата кои извршија акти на насилство за време на собирот, изјави Ненад Стефановиќ, вишиот јавен обвинител во Белград.

„Посебно нагласувам дека обвинителството ќе ги насочи сите расположливи капацитети за утврдување на сите релевантни околности за нападот врз припадниците на МВР на Автокоманда, нападите и заканите упатени кон новинари, како и поединечни учесници на настанот ‘Европрајд’“,вели Стефановиќ, пренесува „Данас“.

Воедно, го поздравува исклучително професионалното, совесното и одговорно однесување на припадниците на МВР, кои, како што посочува, уште еднаш ја покажаа својата способност за одржување на јавниот ред и мир.

„Европрајд 2022“, кој годинава се одржа во Белград, заврши со концерт на Ташмајдан после полноќ, а организацијата ѝ е предадена на Малта, следниот организатор на оваа манифестација.

Прошетката која привлече големо внимание во јавноста се одржа вчера попладне. А според организаторите, учествувале речиси 10 000 луѓе. Учесниците пешачеа нешто по 17:30 часот по изменетата траса – од Уставен суд до стадионот Ташмајдан.

На парадата и претходеа неколку инциденти и судири меѓу противниците на „Прајд“ и полицијата- со пластично шише е удрен камерманот од Н1, се заканувале на новинарската екипа од Н1, како и на новинарот и снимател на Танјуг.

Премиерката соопшти дека се приведени 64 лица, а во обезбедувањето учествувале околу 5 200 полицајци. МВР соопшти дека се повредени 13 припадници на полицијата.

Пред толпата непосредно пред прошетката се обрати и еврокомесарот Владимир Билчик. На прошетката учествуваа претставници од амбасадата и еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали, а одлуката е донесена откако претставници на меѓународната заедница добија безбедносни гаранции од Владата.

Пречките и проблемите со кои се соочуваше „Европрајд“ ќе бидат дел од следниот извештај за Србија, изјави претходно денеска за Н1, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.

Back to top button
Close