„Студентите ќе добијат поширок пакет привилегии, попустите ќе достигнуваат и до 50 проценти“, тврди Мицкоски

Студентите во Македонија би можеле да добијат поширок пакет поволности што ќе важат во текот на целата година, а не само за студентскиот оброк. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новиот концепт ќе се реализира преку апликацијата „М.услуги“, со попусти од 5 до 50 проценти.

Screenshot

Одговарајќи на пратеничко прашање, Мицкоски рече дека Владата работи на проширување на досегашниот модел, со кој студентите ќе можат да користат различни услуги и поволности и надвор од учебната година, вклучително и за време на викендите и празниците.

Во подготовката на концептот се вклучени повеќе институции, меѓу кои министерствата за образование и наука, дигитална трансформација, финансии и социјална политика, демографија и млади. Се разгледува и поврзување со младинската картичка што ја развива последното министерство.

Мицкоски најави дека во следната фаза ќе се разгледува можноста студентите да ги користат поволностите и надвор од државата, додека засега фокусот е на услугите на домашниот пазар.

Back to top button
Close