Либан: 28 жртви во последните 24 часа, вкупниот број се искачи на 2.574

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа биле убиени 28 лица, а 139 се повредени, со што вкупниот број на жртви во конфликтот помеѓу Израел и Хезболах, кој трае повеќе од една година, се искачи на 2.574 загинати и 12.001 ранети.

Кризниот штаб регистрирал 74 воздушни напади и гранатирања во текот на последниот ден, најмногу во јужен Либан и провинцијата Набатија.

Спасувачките тимови денеска пронашле тела на жена и нејзиното седумгодишно дете, два дена по израелскиот воздушен напад во густо населената сиромашна населба крај главната јавна болница во Бејрут, соопшти еден официјален претставник.

Во тој напад загинаа 18 лица, вклучувајќи четири деца, а ранети се 60, според податоците на либанското Министерство за здравство.

Израелската војска тврди дека целта на нападот била позиција на Хезболах, но не даде детали, а посочи дека болницата, која претрпела минимална штета, не била цел.

Back to top button
Close