Либерман: Израелската армија има муниција за уште десет денови


Поранешниот израелски министер за одбрана и лидер на партијата Израел наш дом, Авигдор Либерман изјави дека израелската армија има муниција само за уште десет денови.

– За десет дена израелската армија повеќе нема да има муниција, наведе Либерман.

Тој во интервју за израелската државна телевизија КАН, го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху поради владиниот предлог да се изменат ултраортодоксните Евреи од задолжителниот воен рок.

Според него владата на Нетанјаху е подготвена да ги загрози државните интереси само да ја зачува владејачката коалиција.

Либерман тврди и дека Хамас ја зацврстил контролата врз Појасот Газа и оти исламистичката група повторно почнала да произведува ракети.

Back to top button
Close