Лицата со попреченост ќе добијат Центар за дневен престој во општина Карпош

Поттикнати од мотото „Заедно сме – се грижиме со срце и одговорност“, градоначалникот Стевчо Јакимовски и м-р Катерина Димова од Здружението „Неуроклиник“ вчера потпишаа договор за меѓусебна соработка. Оттука, Општина Карпош и Здружението за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни – „Неуроклиник“ ќе работат заедно на воспоставување на дневен престој за лица со посебни потреби, споделија денес од Општина Карпош на својата Фејсбук страница.

Како што велат, станува збор за проект кој се реализира во рамки на Програмата за подобрување на социјалните услуги, а истиот е поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади на РСМ и Светска банка.

Дневниот центар нуди инклузивно и функционално опкружување каде што лицата со попреченост ќе добијат стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини.

„Оваа иницијатива претставува вистински исчекор кон едно хумано општество, кое ги препознава и воедно одговара на потребите на граѓаните од сите социјални категории, потенцираат од Општината.

Back to top button
Close