Лидерот на бугарската партија „Преродба” доби десетгодишна забрана за влез во Украина

На лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба”, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.

Костадинов кажа дека без проблем ја минал молдависко-украинската граница, но неколку часа подоцна дознал дека го барале три различни украински служби – воената гранична, полицијата и Службата за безбедност (украинското контраразузнавање). Му бил одземен бугарскиот пасош и во тој момент, додека ја снимале постапката, го чувале четворица украински војници.

Костадинов постојано прашувал зошто е приведен од украинските власти. Му одговориле дека имаат информации дека е претседател на проруска партија во Бугарија. Потоа, Костадинов бил спроведен до украинско-молдависката граница.

Back to top button
Close