Лишен од слобода Н.А.(42) од с.Врапчиште, гостиварско

На 03.07.2021 во 18.30 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Н.А.(42) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, казниви по чл.235 и чл.236 од Кривичниот законик, при што кај него е пронајдена и одземена метална каса со пари кои се предмет на кривично дело. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.