Лишен од слобода скопјанец за поседување пиротехника без документација

На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност. К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close