Лишен од слобода вишиот јавен oбвинител од Битола, поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „примање награда за противзаконско влијание”
Денеска (07.10.2026), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против П.В.(61) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание” од чл.359 ст. 3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик. П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување на поблаги казни за сторителите.

П.В. е лишен од слобода, а со цел прибирање на дополнителни докази и пронаоѓање на предмети, извршен е претрес во неговиот дом во Прилеп, како и службени простории кои ги користи, каде се пронајдени и одземени шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер.






