Српски државјанин „летал“ со 158 км/час каде дозволената брзина е 80 км/час, приведен на Табановце

Српски државјанин бил приведен на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ го регистрирал како возел со 158 километри на час на делница од автопатот Демир Капија – Гевгелија, каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Според МВР, 59-годишниот Ѓ.К. бил лишен од слобода на 22 ноември, околу 19:40 часот, при обид да ја напушти Македонија со автомобил „ауди“ со српски регистарски ознаки. Проверката покажала дека на 19 ноември го сторил кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило”.

Back to top button
Close