Можно поскапување на струјата од Нова година

Домаќинствата во Македонија од 1 јануари би можеле да плаќаат струја поскапа за два до три проценти. Ова го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, во гостување на телевизија „Сител“.

Иако од Владата во изминатите денови беа упатени најави дека нема да има поскапување, Ристов оцени дека сепак се очекува мало зголемување. Тој посочи дека се разгледува и модел со кој дополнителниот трошок би се распределил преку тарифните модели, со цел товарот да биде поправично распореден меѓу потрошувачите.

Енергетските компании веќе ги доставиле своите финансиски и технички барања до РКЕ, а во тек е нивната анализа. Одлуките за цените на регулираните енергетски дејности треба да бидат донесени до крајот на годината и да стапат во сила на 1 јануари.

Според Ристов, барањата за повисоки цени се поврзани со движењата во енергетскиот сектор, поскапувањето на енергенсите и зголемените трошоци. Сепак, тој нагласи дека доставените барања не значат дека ќе бидат прифатени во целост, бидејќи РКЕ треба да донесе одлука што ќе претставува компромис

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close