Данска сака да ги забрани мобилните телефони во училиштата
Данска ќе предложи забрана за мобилни телефони во основните и средните училишта, како и филтрирање на содржини на училишните мрежи, почнувајќи од новата учебна 2027 година, соопшти данското Министерство за образование.

Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците, додека Полска и Чешка предложија слични забрани во јуни.
Дополнителни ограничувања
„Децата треба да можат да одат на училиште без постојано одвлекување на вниманието како што се социјалните медиуми, онлајн купувањето и играњето видео игри“, изјави министерот за образование Магнус Хеунике во соопштението.
Забраната опфаќа и други приватни електронски уреди со пристап до интернет.
Ќе бидат воведени и филтри за содржина за блокирање на веб-страници кои немаат образовна или педагошка намена за време на училишните часови, вклучувајќи ги социјалните медиуми, сајтовите за игри и онлајн продавниците. Секоја општина и училиште ќе одлучат кои сајтови ќе бидат блокирани.
За потсетување, Хрватска ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта во март оваа година






