Литовски сам побарал да не му продолжи договорот за член на комисијата со Бугарија. Мицковски тврдеше дека го сменил Заев

Соговорници од Владата потврдуваат дека на историчарот Александар Литовски, кој е член на СДСМ, на негово барање, не му е продолжен мандатот во заедничката комисија, пренесе 360Степени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Унгарија, реагираше вечерва дека е сменет член на историската комисија со Бугарија.

Тој напиша на Фејсбук дека дознал дека Заев сменил член на комисијата, без да наведе за кого станува збор.

„Нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените и пред сѐ неточни тврдења на Заев, поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет. Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат – прашува Мицкоски.

Владата, минатата седмица соопшти дека е именуван нов член во комисијата со Бугарија – Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја.

 

Back to top button
Close