Лондончани од синоќа веќе чекаат во ред да го видат ковчегот на Елизабета Втора
13.09.2022 09:00
1,256 Читање помалку од 1м
Граѓани на Лондон од синоќа веќе чекаат во ред за да не ја пропуштат шансата да ѝ оддадат чест на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември.
Ковчегот со посмртните останки на кралицата се очекува во Лондон да пристигне вечер и од утре во следните пет дена да биде поставен во салата Вестминстер, која ќе биде отворена за граѓаните.
Кампувањето не е дозволено во тој дел од Лондон, па граѓаните со себе носат столчиња на расклопување, топла облека и храна.
Британската Влада, предвидувајќи ја долгата редица, нареди зголемена безбедност и поставување монтажни тоалети.
Весникот „Тајмс“ пренесе оти може да се очекуваат и до 750.000 лица, потсетувајќи декаљ во 2002 година имаше над 200.000 лица на поклонение пред ковчегот на кралицата мајка, мајката на Елизабета Втора.