Лорис по 11 години заминува од Тотенхем

Францускиот голман Уго Лорис го раскина договорот со премиерлигашот Тотенхем, чиј дрес го носеше од 2012 година, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, 37-годишниот поранешен француски репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во редовите на американскиот клуб Лос Анџелес.

Тотенхем, чија капитенска лента Лорис ја носеше осум години, ќе му одаде признание на францускиот голман во негово присуство пред утрешниот натпревар на кој клубот од северен Лондон ќе му биде домаќин на Борнмут, во рамки на 20 премиерлигашко коло.

Лорис одигра 361 натпревари за Тотенхем, а запиша 145 настапи за Франција со која во 2018 година ја освои светската титула.

Back to top button
Close