Луѓе чекаат во редици за леб во Дамаск, затворени се продавниците и аптеките


Луѓето во Дамаск чекаат во редици за да купат леб, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, повеќето продавници во главниот град на Сирија не работат. Проблем се и затворените аптеки, поради што луѓето на кои им е потребна терапија не можат да ги добијат толку потребните лекови.

Како што објави „Галф тајмс“, жителката на Дамаск, Руни, која е бремена во осмиот месец, рече дека никаде не може да ги најде очајно потребните лекови. Како што објасни таа, продавниците и аптеките се затворени.

„Многу сум исплашена за себе и за мојата неродена ќерка“, рече таа.

Back to top button
Close