Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија

Два дена по елиминацијата од Мароко во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, Луис Енрике ја напушти должноста селектор на Шпанија.

Енрике, кој ја презеде Шпанија во мај 2018 година, по претходното Светско првенство 2018 во Русија, имаше важечки договор со Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) до кракот на оваа година. 

„РФЕФ им се заблагодарува на Луис Енрике и неговиот стручен штаб за ангажманот поврзан со националниот тим во последните четири години. Спортското раководство на Федерацијата поднесе извештај до претседателот одлучно во намерата дека треба да се почне со нов проект со цел да продолжи растечкиот тренд постигнат последните години“, се наведува во официјалното соопштение. 

Шпанија, која беше во поширокиот круг кандидати за освојување на светската титула на Мундијалот во Катар доживеа сензационална елиминација на пенали од Мароко.

Back to top button
Close