Мајка со сопственото тело го заштитила шестмесечното бебе во Киев

Дваесет и седумгодишната Украинка Олга е тешко повредена додека го криела своето бебе од шрапнели во Киев, се присетила на шокот кога видела крв како го покрива нејзиното дете по ударот на проектил кој го скршил стаклото во собата, пренесува Ројтерс.

– Бев ранета во главата, а крвта почна да тече. И сето протече на бебето. Не можев да разберам што се случува, мислев дека е нејзината крв – рекла Олга.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Олга, со главата завиткана и горниот дел од телото покриен со исеченици додека го држи своето бебе Викторија.

Back to top button
Close