Мајката на детето кое само патуваше до Словачка: Од очај го ставив во воз

Мајката на момчето кое само преку граница пристигна во Словачка/ Фото: Колаж на СП

Мајката на 11-годишното момче од Украина, кое само патуваше повеќе од 1.000 километри до Словачка, за Гвардијан откри дека од очај го ставила детето во воз.

Јулија Пистескаја, вдовица и мајка на повеќе деца, вели дека од очај го ставила синот сам да патува до Словачка од Запорожје, близу нуклеарната електрана што беше нападната од страна на руските сили минатата недела.

Вели дека не можела да замине со детето бидејќи се грижи за нејзината мајка со инвалидитет. Словачките граничари се погрижиле за детето кое пристигнало со пасош и телефонски број на роднини, запишан на неговата рака.

Тамошната полиција го опиша детето како херој, а властите успеале да ги најдат неговите роднини во Братислава.

„Многу сум благодарна што го спасија животот на моето дете“, изјави Писетскаја во видео порака на Фејсбук „Во вашата мала земја постојат луѓе со големо срце“, изјави таа.

Додаде дека е вдовица и има уште деца. Им се заблагодари на словачките цариници и волонтери кои се поргижиле за детето и му помогнале да ја премине границата.

„Благодарам што му го спасивте животот на моето дете. Покрај мојот град има нуклеарна електрана на која Русите пукаат. Не можев да ја оставам мајка ми, таа не може сама да се движи“, изјави очајната жена.

Словачкото министерство за внатрешни работи на Фејсбук објави дека момчето им ги освоило срцата на сите со неговата насмевка, храброст и одлучност, достојни на вистински херој.

Соопштија дека властите му дале храна и вода, го стоплиле и потоа му помогнале за неговото патување кај роднините.

Back to top button
Close