Мадрид ги протерува изнајмувачите на електрични тротинети

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични тротинети, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што ја презема таа мерка поради зголемениот број несреќи во кои најчести жртви се пешаците.

Градската власт на Мадрид соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври.

„Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-тротинети на улиците на градот“, напиша на мрежата Икс конзервативниот градоначалник на Мадрид, Луис Мартинез Алмеида.

Тој рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните на Мадрид.

„Три компании кои имаат лиценца за изнајмување 6.000 електрични скутери ќе мора да ги отстранат од улиците бидејќи не го испочитуваа условот што го поставивме – да ја гарантираат безбедност на пешаците, пред се на старите лица“, напиша градоначалникот.

Back to top button
Close