Македонците, Србите, Бугарите меѓу најгостопримливите – Мапа на гостопримството во Европа

На „Инстаграм“-страната „Амејзинг мапс“ е објавена мапа што ја покажува „веројатноста да Ви понудат храна како гостин“ во земјите ширум Европа.

Прашањето покрај мапата гласи „Дали ќе добиете храна како гостин во нечија куќа?“, и земјите се претставени во различни бои. Така, темносината ги означува државите каде што гостинот „речиси секогаш“ добива богата трпеза. Во земјите во светлосино, се чини, „обично“ ќе Ве почестат со храна, додека луѓето од „портокаловата зона“ ги означува оние нации каде „не се очекува“ да Ви се даде некоја закуска, а црвената боја ги означува домаќините каде што веројатно „речиси никогаш“ нема да Ви понудат јадење.

Така, Македонците, Србите, Бугарите, скоро целиот Балкан, како и Средоземјето – најмногу се истакнуваат во гостопримството, т.е. важат за прилично дарежливи домаќини.

Малку северно од тоа, почнувајќи од Словенија, Романија итн. – веројатноста да се добие солидна трпеза – се намалува… Така е и во јужна Франција, северна Италија, Шкотска, Ирска, како и во Источна Европа.

Во јужниот и средишниот дел на Германија, во Австрија, Швајцарија и Англија, човек веројатно поретко ќе добие побогата трпеза на гости.

Скандинавските земји, северна Германија и Холандија се означени со црвено, што значи дека домаќините тука се „најскржавите“, според оваа шеговита мапа. Занимливо, „Инстаграм“-страната е холандска.

Back to top button
Close