Македонец се обидел да изврши убиство на брод


Македонец уапсен во Хрватска, осомничен за обид за убиство на Србин на брод.

54-годишен државјанин на Македонија е уапсен во Хрватска под сомнение за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија.

Според полицијата во Пула, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот наутро на брод во Медулин. Осомничениот, како што се наведува, со нож замавнал кон главата и стомакот на другото лице.

Нападнатиот успеал да се одбрани со кревање на раката, при што се здобил со полесна повреда. По завршената истрага, осомничениот е приведен во притворската единица на Полициската управа на Истра.

Back to top button
Close