Македонија е четврта по трампољубие во Европа

Македонија е меѓу земјите во Европа со највисока поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и се наоѓа на четвртото место, веднаш зад Косово, Романија и Молдавија, покажуваат најновите податоци од глобалната анкета на американската истражувачка организација „Галуп интернешнал.

Според табелите на „Галуп“, нето-рејтингот на Трамп во Македонија е позитивен (+2 отсто), што ја издвојува земјата од поголемиот дел од Европа, каде доминира негативен став кон американскиот лидер.

Анкетата, спроведена во 61 земја со повеќе од 64.000 испитаници, покажува дека во европски контекст Трамп највисока поддршка има на Косово (нето +27%), потоа во Романија (+11%) и Молдавија (+10%), по што следува Македонија со скромен, но позитивен биланс.

Во соседството, ставовите се значително понегативни: Србија бележи околу –44 отсто, Хрватска –46 проценти, Словенија –41 отсто, Бугарија –40%, Грција –29 проценти, додека Унгарија е  –9%. Западноевропските земји, пак, се најкритични – Данска, Шведска, Норвешка, Германија, Швајцарија и Холандија имаат силно негативни нето-оценки (од –66% до –84%).

Back to top button
Close