Македонија ќе плати само 18 милиони евра од 500 милиони евра за пругата, a не цела сума како што Мицкоски раскажува во јавност

Иако Владата и премиерот Христијан Мицкоски постојано тврдат дека изградбата на пругата на Коридорот 8 кон Бугарија Македонија ќе ја чинат 500 милиони евра, вистината е далеку од тоа. Според последните информации, од таа огромна сума, Македонија директно ќе плати само 18 милиони евра, што отвора многу прашања за транспарентноста и искреноста на Владата.

СДСМ аларамира дека Мицкоски манипулира со бројките, оставајќи го впечатокот дека нашата земја ќе ги подмири целите трошоци за овој капитален проект. Но, според финансиската конструкција која беше потврдена од владините претставници во понеделникот во Брисел, најголем дел од средствата за изградбата на пругата ќе дојдат од надворешни извори, додека Македонија ќе има минимален удел во трошоците.

СДСМ потсетува дека Македонија и Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, важен документ кој има за цел да ја зајакне поврзаноста меѓу двете земји. Истовремено, Владата на СДСМ потпиша договор за брза пруга Ниш – Скопје, со цел да го унапреди регионалниот транспорт и економската соработка.

Од СДСМ брифираат дека Мицкоски ги знаел овие детали, но продолжува да манипулира. Сппред нив, на неодамнешната средба во Брисел со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се разговарало за Планот за раст, кој предвидува заокружување на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Македонија и со Бугарија, но и со Албанија. Овој план, целосно подготвен од Владата на СДСМ, бил потврден од Мицкоски со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8.

Дополнително, се поставува прашањето дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложиле во ЕУ, а тој се согласил, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата. Министерот Александар Николоски од друга страна продолжува да се инаето по ова прашање. Вчера откако испрати свои претставници на состанокот со Бугарија и претставниците на ЕУ, наместо тој самиот да присуствува, каде било договорено дека пругата ќе се гради по истиот проект, тој изјави дека тој е против проектот и создава дополнителна конфузија во јавноста.

Back to top button
Close