Македонија со нов селектор во баражот за пласман на Мундијалот 2026?

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе има нов селектор во мартовскиот бараж за Светското првенство 2026. Благоја Милевски нема да добие нов договор, му завршува мандатот објави спортскиот портал „Gol.mk“.
Жестоки беа критиките по понижувачките 7-1 синоќа во Кардиф, па претседателот на Фудбалската федерација на Македонија – Масар Омерагиќ, видно разочаран го напушти стадионот во Велс.
Договорот на Милевски со ФФМ истече по последниот квалификациски дуел, а негативниот исход е продолжение на серијата натпревари во кои репрезентацијата покажува пад во форма – пред Велс сериозен аларм беа и дуелите со Летонија и Казахстан во Скопје, пишува медиумот.
Милевски ќе биде присутен на утрешната ждрепка за бараж натпреварите во Цирих, обврска што е договорена однапред.
Благоја Милевски ја презеде македонската фудбалска репрезентација во 2021 година, кога на тренерското столче го наследи Игор Ангеловски.






