Македонсите фудбалски надежи поразени од Црна Гора

Македонската кадетска фудбалска репрезентација до 17 години загуби  од соодветната селекција на Црна Гора со 1:0 во рамки на вториот контролен натпревар одигран попладнево во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“, црногорската репрезентација стигна до триумфот со голот на Марко Перовиќ во 63-та минута.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а двете селекции пропуштија по неколку добри ситуации за постигнување гол. Незифи со удар од далечина, два пати се закани по голот на гостинскиот голман, но без реализација.

Во продолжението, изгледни шанси за постигнување гол не реализираа Стојанов, Величковски и Јамини.

На првата контрола средба во Скопје двете репрезентации одиграа нерешено 1:1.

– Задоволен сум од она што го покажаа моите фудбалери на овие два натпревари, но, од резултатот не. На двата меча изостана реализацијата, пропуштивме многу прилики за гол. Сè уште сме во почетна фаза на развој на овие млади играчи, но, со овој пристап и карактер што го покажаа моите фудбалери, сигурно дека не чекаат подобри резултати во иднина, изјави селекторот на македонската кадетска репрезентација Тони Јакимовски.

Back to top button
Close