Македонската асоцијација на издавачи по четврти пат доделува награди за најдобрите меѓу два саема

– Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) утре, во 11 часот, по четврти пат ќе доделува награди за периодот меѓу два саема (мај 2019 – септември 2020) во промо центарот на Саемот на книгата.

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по тридневно разгледување на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на вчерашниот состанок донесе одлука да додели по три награди во шест категории и едно специјално признание за признание за „Промотор на читателска култура“.

Првото место во категорите „Најдобра едиција“ и „Најдобро ликовно-графичко уредено издание“ да ја додели на „Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски („Арс ламина“). Во категоријата „Најдобра книга за деца и млади“, првото место го доби „Мочурливци“ од Барбара Симонити, со илустрации на Петар Шкерл, а во превод од словенечки на Дарко Спасов („Три“). Првото место за најдобар домашен автор оди во рацете на Петар Андоновски „Страв од варвари“ (Или-или).

Илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита Муча (Чудна шума) го доби првото место во категоријата „Најкреативно издание“. „Карантински приказни“ на „Три“ е првонаградено дело во категоријата „Поттикнување на општествена одговорност“. Кампањата „Читањето е супермоќ“ на Арс ламина доби специјалното признание за „Промотор на читателска култура“.

Прво место во категоријата „Признание за иновативност“ го доби Електронската апликација на Kniga.mk на Издавачкиот центар Три.

Back to top button
Close